Капело: На невакцинираните фудбалери треба да им се намалат платите!

Легендарниот фудбалски стручњак Фабио Капело, смета дека сите играчи треба да се вакцинираат против коронавирус, а предлага казни за тие што ќе одбијат.

„Одбивањето на вакцинација е себичност. Ако полицајците се обврзани да бидат вакцинирани, зошто да не може истото да важи и фудбалерите? Невакцинираните фудбалери се опасни за општеството. Треба да им бидат намалени платите“ – изјави Капело.

Во Италија, 98 проценти од фудбалерите во Серија А се вакцинирани.

- Оглас -

Најнови вести