Капело: Не е фер што некои клубови играат со публика, а некои без навивачи

Италијанските клубови кои играат во европските купови се хендикепирани во однос на своите ривали затоа што не смеат да имаат поддршка од публиката. Синоќа на мечот Шахтар – Интер имаше 15.000 гледачи, додека вечерва Јувентус без ниту еден гледач на трибините ќе ја пречека Барселона.

„Шахтар играше со Интер пред 15 илјади фанови и имаше помош. Домашните тимови треба да ја имаат таа предност, навивачите може да влијаат и врз судиите. Голема неправда е ова и треба нешто да се смени во регулативите на УЕФА. Не е фер некој да може да игра со публика, а друг да ја нема таа привилегија“, изјави Капело.

Италијанските тимови не смеат да имаат публика на нивните домашни мечеви, но клубови како Шахтар, Порто и Динамо Киев играат со ограничен број публика во ЛШ, што сепак е некаква предност и привилегија.

- Оглас -

Најнови вести