Капело остро го критикуваше Јувентус по поразот во големото дерби

Барселона оствари максимален учинок по две кола во групите од ЛШ, по вчерашната победа на гостувањето кај Јувентус со 2-0. Каталонците на тој начин закпренааа од разочарувањето во Ел Класико, комбинираниот состав на Куман издоминира на „Алијанц стадионот“  и ги импресионираше сите фудбалски фаци кои го проследија дербито.

Еден од нив беше Фабио Капело, поранешниот тренер на Јувентус, кој остро ја критикуваше играта на Старата дама така што го пофали настапот на шпанскиот вицепрвак.

„Бев шокиран од разликата во играта на најдобриот клуб од Италија против екипа која е во процес на реконструкција и пред неколку дена загуби во Ел Класико. Барселона пријатно ме изненади со целокупниот настап и интензитетот кој го покажа на теренот. Фудбалерите на Куман беа импресивни, можеа да постигнат осум гола, а не само два. Видов моќен и агресивен тим, кој играше динамично и повеќе ја посакуваше победата. Меси исто така имаше придонес за резултатот и впечатокот кој го оставија неговите соиграчи“, истакна Капело.

 

- Оглас -

Најнови вести