Фабио Капело: Реал Мадрид треба да го купи Икарди

Прославениот италијански стручњак Фабио Капело, кој во богатата кариера во два наврати го има водено и Реал Мадрид (во тие две сезони, тимот ја освојуваше титулата во Шпанија), му даде совет на европскиот првак.

„Јас сум голем фан на Мауро Икарди. Да бев Реал Мадрид, би го донел во истиот момент. Тој има одлична способност за постигнување голови. Тој е тип на играч како Кристијано Роналдо. Ако му дадете три топки во 16-никот, ќе даде три гола. Сега е уште подобар, со оглед на тоа дека учествува и во Лигата на шампионите“, рече Капело.

Реал има проблем со реализацијата, на четири натпревари по ред, нема постигнато гол. Икарди за Интер даде 112 гола на 190 настапи.

Интер викендов игра градско дерби со Милан, а кај Милан има еден друг врвен аргентински напаѓач, кој во минатото играше за Реал. Тоа е Гонзало Игуаин. Капело, кој во 2007 работеше со Игуаин во Реал, исто така има пофални зборови и за него, и како фудбалер и како човек.

- Оглас -

Најнови вести