Трофејниот италијански тренер Фабио Капело смета дека навивачите на Јувентус треба да се радуваат што клубот го ангажирал Маурицио Сари на тренерската функција. Некогашниот трофеен тренер на Милан, Јувентус и Реал Мадрид и поранешен селектор на неколку репрезентации верува дека со Сари на клупата, Старата дама ќе има добри резултати.
Сари го водеше Наполи од 2015 до 2018 година. Во тоа време им покажуваше среден прст на фановите на Јуве и даде изјава дека за да му се досуди пенал на Наполи, потребно е да имаат црно-бели дресови, алудирајќи на помошта која Јуве ја имал од арбитрите.
„И мене негативно ме примија во Јувентус, затоа што претходно ги водев Милан и Рома. Имаше разни транспаренти против мене и навреди од навивачите. Знам дека сега и Конте ќе го пцујат по преминот во Интер. Но, фудбалот е бизнис. Сари знае како да се однесува со играчите. Тој работеше во Премиер лигата, која е врв во фудбалот. Во Англија замина како учител, а се враќа како универзитетски професор.