Легендарниот италијански тренер,Фабио Капело и не е баш воодушевен од својот сонародник Роберто де Ѕерби, кој во моментов го предводи Брајтон, а важи за еден од најбараните и најквалитетни млади тренери.
„За мене Де Ѕерби е третокласен тренер. Не е во елитната група на тренери, не е ни во втората. Тој е трета класа за мене. За него многу се зборува само дека Гвардиола го спонзорира, но оваа сезона покажа што може. Сега е десетти со Брајтон. Што освоил тој во кариерата? Да ја видиме неговата биографија, има освоено само Куп со Шахтar“, вели Капело.
Сепак, легендарниот Капело не застанува тука, вели дека сите го бараат Де Ѕерби за тренер, но сè уште никој не му се јавил.
„Тој е образуван тренер кој своите идеи ги покажува преку екипата, но треба допрва да се докажува. Го поврзуваат со многу клубови, но сè уште никој не го контактирал. Брајтон има клаузула да го ослободи за 15 милиони евра, а тоа не е мала сума за еден тренер“, додава легендарниот Iталијанец.
Роберто де Ѕерби во својата кариера освен Брајтон, ги водеше и Фоџа, Палермо, Беневенто, Сасуоло и Шахтaр, а периодов беше поврзуван со клупата на Баерн.