Еден од најдобрите хокеари на сите времиња, Александер Овечкин, се повреди непосредно пред стартот на плејофот во НХЛ и неизвесно е дали ќе игра за Вашингтон капиталс во доигрувањето за титулата.
Овечкин го повреди рамото на дуелот со Торонто мејпл лифс
откако се сопна од голманот Ерик Калгрен и директно со рамото удри во заштитната ограда.
Alex Ovechkin to the dressing room after going awkwardly into the boards pic.twitter.com/E7FWMvU3Cx
— Brady Trettenero (@BradyTrett) April 25, 2022
Овечкин остана да лежи на мразот очигледно со болки, но успеа да замине во соблекувалната и не се врати во игра.
Ноќеска големиот ас не играше против Њујорк ајландерс, а Вашингтон без него загуби убедливо со 1:4.
Популарните Капиталс ќе бидат седми или осми по регуларниот дел на шампионатот во Источната конференција и ќе играат против Флорида, Каролина или Торонто во првата рунда во плејофот.
Од клубот соопштија дека Овечкин е повреден, но не се знае дали ќе биде подготвен за плејофот.
Популарниот Ови е трикратен МВП во НХЛ-лигата, има и една титула со Вашингтон, а 12 пати настапи на Олстар-натпреварите.
Сеознава со 90 поени е број 1 во тимот што има амбиции за пехарот во Стенли купот, но без него шансите на Вашингтон ќе бидат драстично намалени.
Плејофот во НХЛ ќе почне на стартот од идната недела и веќе се познати сите 8 екипи што ќе играат во Источната конференција и 7 во Западната конференција.
Единствената дилема е дали Далас старс или Вегас голден најтс ќе бидат учесници во плејофот на Западот, а на Далас му треба само еден бод на последните два меча за да учествува во битката за титулата.