Капитенот на Црвена ѕвезда, Вујадин Савиќ, поради повреда не можеше да настапи на дуелот против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, но затоа си најде нова улога на овој меч. Наместо да биде во ложата на „Рајко Митиќ“, мирно да следи што се случува на теренот, Савиќ направи потег кој ќе го цени секој навивач, а посебно тие на „црвено-белите“.
Откако не можеше да го води тимот на теренот, Савиќ се реши да ги предводи навивачите на трибината. На популарниот „Север“, Савиќ се најде во улога на водач на навивачите, а трибините уште повеќе ечеа кога навивачите видоа дека Савиќ е меѓу нив.
Потег за респект.