Капитените на ракометната и на одбојкарската репрезентација, Кирил Лазаров и Никола Ѓоргиев, имаа средба во пресрет на предизвиците кои им следуваат на македонските селекции.
Одбојкарскиот национален состав денес во 18 часот игра против Турција во второто коло од квалификациите за ЕП 2021, додека ракометарите треба да отпатуваат во Египет, каде што ќе настапат на ракометниот Мундијал против Шведска во првото коло од групите.
Лазаров, Стоилов и Талески им посакаа среќа на Ѓоргиев и дружината, односно поддршката беше возвратена.