Капитените погодуваа, Партизан и Гент се радуваа (Видео)

Капитените на Партизан и на Гент, Лазар Марковиќ и Свен Кумс, беа расположени за голови, што ги доведоа двете екипи до сигурни победи против Флора, односно Анортозис, во мечеви од второто коло во Конференциската лига на УЕФА.

Марковиќ беше двоен стрелец против Флора, екипа која е прв претставник на Естонија во фаза по групи во европско натпреварување.

Капитенот на Партизан беше прецизен во 20-тата и во 42-рата минута за нов триумф на српскиот гигант од 2:0. Во првото коло Партизан го победи Анортозис со 2:0 на гости и веќе се подготвува за европска пролет како топ-фаворит во Б групата.

https://twitter.com/Sachk0/status/1443635728034893836?s=20

И Гент има две победи, а и за белгискиот тим вечерва погодуваше капитенот на тимот, Свен Кумс, во победата од 2:0 против Анортозис.

Кумс стави печат на вториот триумф на Гент во новото натпреварување на УЕФА со погодок во 81-вата минута, откако претходно Кореа си постигна автогол во првиот дел.

Максимален број бодови по првата сеанса мечеви од второто коло има уште само Рома во Ц групата по победата од 3:0 вечерва над Зорија во Украина.

Резултати: Партизан – Флора 2:0, Гент – Анортозис 2:0, Зорија – Рома 0:3, ЦСКА Софија – Бодо Глимт 0:0, Алашкерт – Хелсинки 2:4, ЛАСК – Макаби Тел Авив 1:1, АЗ Алкмар – Јаблонец 1:0, Клуж – Рандерс 1:1. 

- Оглас -

Најнови вести