Горан Пандев и Аријан Адеми последни ќе се приклучат на подготовките на македонската репрезентација за јунскиот квалификациски двомеч со Полска на седми и со Австрија три дена подоцна.
Двајцата капитени, едниот на нашата репрезентација, а вториот на Динамо Загреб не доцнат, иако останатите репрезентативци веќе тренираат, бидејќи официјално беше договорено подготовките да почнат на трети јуни.
Пандев имаше напорна сезона, а во последното коло со Џенова успеа да обезбеди опстанок во Серија А, па ќе пристигне во Скопје во добро расположение.
Адеми е фит по проблемите со повредите кои го мачат сезонава, но играше за Динамо во финишот на сезоната и со популарните „модри“ ја освои шампионската титула, и тоа како капитен на тимот. Го загубија финалето на Хрватскиот куп, а од понеделник тој ќе ѝ се посвети на репрезентацијата во обид да се изнанедат фаворитите Полска и Австрија во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 година.