Капитените вечерва стануваат и рекордери – Рамос и Меси со најмногу настапи на Ел Класико

Серхио Рамос и Лионел Меси се капитени на Реал Мадрид и Барселона, а од вечерва ќе бидат двајцата фудбалери со најмногу настапи на Ел Класико.

Рамос е во стартната постава на Реал Мадрид и ќе го игра 43-тото вечно дерби, што е апсолутен рекорд и тој ќе биде запишан од вечерва како играч со најмногу настапи на шпанскиот, но и глобален фудбалски спектакл.

Меси ќе биде предводник на домашниот тим, а Аргентинецот по 42-ри пат ќе ги почувствува убавините на популарното Ел Класико. Тоа е рекорд кај Барса и доволно за второто место на вечната листа, зад Рамос.

Мечот почнува од 20 часот, а победникот ќе биде и лидер на табелата и веројатен есенски првак во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести