Капитенот Адеми ги охрабри соиграчите: Можеме да направиме чудо во Лондон

Аријан Адеми капитенски ги охрабри соиграчите од Динамо Загреб и вели дека популарните Модри можат да приредат чудо, задутре во Лондон против Тотенхем.

Двете екипи ги заменија домаќинствата, па првиот осминафинален меч ќе се игра во Лондон, а реваншот во Загреб на 18.март.

„Ми се допаѓа стилот на игра на Тотенхем. Опасни се во офанзивниот дел, а Кејн е исклучителен стрелец и играч. Се разигра и Бејл, а имаат уште неколку врвни индивидуалци, што ги предводи тренерот Мурињо, кој освојувал европски титули. Фаворити се, но Динамо веќе покажа дека знае да игра фудбал и дека не се плаши од никого. Верувам дека можеме да приредиме чудо во Лондон“, рече Адеми.

Динамо го забалежа најголемиот успех во еврокуповите со пласманот меѓу 16-те најдобри екипи во Европа Лигата, по полуфиналето во КПК во сезоната 1960/61.

Против Тотенхем имаат играно еднаш, во 2008 година во тогашниот УЕФА куп и загубија со 4:0 во Лондон.

 

- Оглас -

Најнови вести