Капитенот на Вест Хем ги критикуваше соиграчите, но и раководството на клубот за лошите игри во континуитет и вели дека не може од него да се очекува да биде спасител.
„Со парите што ги трошиме за трансфери, а не се малку не би требало да се очекува јас на 32 години да ги спасувам работите. Очекуваа од мене да влезам во второто полувреме и да донесам пресврт. Треба повеќе да се трудиме и многу подобро да играме. Потрошивме многу пари за засилувања, а ефектот е слаб“, вели Марк Нобл, капитенот на Вест Хем.
Денеска подобри од нив и тоа како гости беа второлигашите од Вест Бромвич Албион и со победа од 1:0 го елиминираа Вест Хем од националниот куп на Англија.