Капитенот македонското коло го води – Ристовски размислува како до нов подвиг против Германија (Фото)

Македонија со нетрпение го очекува утрешниот фудбалски спектакл против Германија, а во мислите на нашите репрезентативци е како повторно да се остане непоразен во дуел со четирикратниот светски првак.

Капитенот Стефан Ристовски е лидер на новата генерација и како еден од најискусните знае како се победува Германија. Тој беше во составот што во март годинава во Дуисбург приреди првокласна сензација и победи против Германија со 2:1.

Благоја Милевски ќе мора да најде тактика што ќе не доведе до поволен резултат, а сите заедно очекуваме нов подвиг и добар резултат за Македонија.

Мечот ќе се игра утре од 20.45 часот на националната арена „Тодор Проески“.

 

- Оглас -

Најнови вести