После лесната и убедлива победа над Грузија, капитенот на македонската машка одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, се јави со коментар на социјалните мрежи и побара поддршка на претстојниот меч со Грција за осум дена во „Јане Сандански“ во Скопје.
Ако популарните Спартанци ги победат и јужните соседи, Македонија ќе биде речиси сигурен учесник на Европското првенство кое во 2026 година ќе се игра во Бугарија, Финска, Италија и Романија.
„Грузија – Македонија 0-3. Тимска победа. Првиот чекор кон Еуро 2026. За вториот ќе ни треба и ваша поддршка. На 25-ти август, сала „Јане Сандански“ Скопје, 20.15 часот Македонија – Грција“, напиша Ѓоргиев.