Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, кој го постигна победничкиот гол во победата од 3-2 над Борусија Дортмунд на гостински терен, сигурен е дека Баварците ќе ја освојат титулата во Бундеслигата практично честитајќи му на својот тим за 35-тата титула.
„Со 11 поени предност пред гонителите, што да кажам – честитки за нас. Нема да се откажеме од оваа предност. Нема да ја испуштиме“, изјави Кимих.
Капитенот не ги криеше емоциите што баш тој го даде решавачкиот гол.
„Обично не постигнувам голови толку често, па затоа сум многу среќен за секој гол. А, да го постигнам победничкиот гол за 3-2 толку доцна во Дортмунд е нешто навистина посебно“, додаде Кимих.
Тренерот Венсан Компани најавува дека Баерн тука нема да се опушти и да се фокусира само на Лигата на шампионите.
„Веќе имаме предност од 11 бода и постигнавме 88 гола. Зошто да застанеме сега? Ќе стискаме гас до крај“, рече Компани според кого вчерашниот Дер Класикер бил убава реклама за Бундеслигата.
„Интензитетот, резултатот, 80.000 гледачи – беше едноставно брилијантно“, смета Компани.

