Голманот Митревски незадоволен од судиите: „Повеќе им ‘лежеа’ на холанѓаните“

Македонија загуби од Холандија со 37-32, но она што најмногу зачудува е критериумот кој го имаа данските судии. Токму тоа го истакна и голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Никола Митревски.

„Тежок натпревар кој беше многу тешко да се гледа, а не пак да се игра. Направивме многу технички грешки во напад, кои холанѓаните знаеа да ги искористат пред крајот на првото полувреме, се одлепија и до крајот ја одржуваа таа предност. Треба да го добиеме мечот против Гвинеа и после нѐ очекуваат уште три натпревари, каде французите се големи фаворити, но Австрија и Катар се противници со кои можеме да се носиме и мислам дека се послаби од Холандија и Унгарија. И на првиот меч имавме швеѓани, сега повторно скандинавски судии. Лесни на свирка. Имаат критериум кој што им лежи повеќе на холанѓаните. После четврти чекор, на седум, седум ипол метри свират пенали. Три пати имаше престап кој не го свиреа, доаѓаа играчите до гол што се вели. Во продолжение имавме пенал и исклулување. Тежок критериум за нас, а кога на холанѓаните ќе им дадеш доволно простор за вакво нешто тогаш тие го користат.“ – вели голманот на ракометната репрезентација, Никола Митревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести