Капитенот Мицевски си заминува од Вардар, ќе биде позајмен во друг клуб

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, не смета на капитенот Дарко Мицевски за вториот дел од сезоната. Тој ќе замине на позајмица во друг клуб, објавија од клубот.

„Денеска во просториите на клубот, АД ФК Вардар и фудбалерот Дарко Мицевски се договорија играчот да не биде дел од ростерот на ФК Вардар, и истиот ќе замине на позајмица во друг клуб“, соопштија Црвено-црните.

Вардар направи значителна промена на ростерот зимава, доведе многу нови играчи, а Мицевски е десеттиот фудбалер кој ќе замине од редовите на Црвено-црните.

- Оглас -

Најнови вести