Капитенот на Бугарија: Македонците се наострени и со политички мотиви, ние сакаме да играме фудбал

Новиот капитен на бугарската репрезентација, Кирил Десподов очекува тежок меч во понеделник во Скопје против Македонија, а има интересна изјава, во која вели дека домаќините ќе бидат оптоварени и со политички мотиви.

Политичката ситуација меѓу двата соседи е напната, по договорот за пријателство, што е доста критикуван во Македонија, а Десподов вели дека тоа ќе се почуствува и кај фудбалерите на Македонија.

„Според моето мислење, домаќините ќе мислат повеќе на политички мотиви, отколку на фудбалски меч. Ние мора да се концентрираме само на фудбал и на ништо друго. Тоа ќе ја зголеми самодовербата на бугарската репрезентација. Тие ќе ја имаат поддршката од трибините, но верувам дека ние ќе одиграме добро и ќе победиме“, вели Десподов.

Бугарите го победија Гибралтар, вчера со 5:1 во деби мечот на новиот селектор, Младен Крстајиќ, а против Македонија во понеделник од 20.45 часот на стадионот „Тодор Проески“ ќе се бие битка за второто место во четвртата група од Ц сегментот.

Грузија е прва и на едно коло пред крај веќе е шампион во групата со 13 бода. Македонија има 7 и бие битка за да биде во четвртиот шешир за ждрепката за ЕП во 2024 година, а за тоа ни треба победа против Бугарија.

Нашиот источен сосед е на третото место со шест бода и Гибралтар е последен со само еден бод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести