Капитенот на Динамо Киев, не се поздрави со капитенот на Партизан (Видео)

Екипата на Динамо Киев води со 3:1 по првото полувреме против Партизан во меч од второто коло во квалификациите на Лигата на шампиони. Партизан поведе и имаше предност до пет минути пред крајот на првиот дел.

Во финишот на првиот дел се случи потоп на Црно-белите. Со три гола во периодот од 41 до 45 минута Динамо не само што ја анулираше негативрата, туку стигна и до пристојна предност од 3:1.

Освен четирите гола, првиот дел го одбележа и неспортскиот потег на капитенот на Динамо Киев, Виталиј Бујалски кој едноставно не сакаше да се поздрави со капитенот на Партизан, Светозар Марковиќ.

Уште пред мечот од таборот на Динамо најавија дека нивните играчи нема да се поздрават со фудбалерите на Партизан затоа што овој клуб учествуваше на Купот на Братството кој се играше во Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести