Хенрик Мхитарјан имаше одлична сезона во дресот на Рома и со 13 погодоци беше прв стрелец на Римската волчица. Освен на клупски план, Мхитарјан како капитен на Ерменија, го предводеше тимот до лидерското место во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.
Во овие квалификации, Ерменија е во група со Македонија, Германија, Романија, Исланд и Лихтенштајн. Токму во следното коло од квалификациите за СП 2022, Ерменија треба да гостува во Скопје против нашата репрезентација, во меч на двете првопласирани на табелата.
Ерменија во јуни ќе игра пријателски средби против Хрватска и Шведска, а селекторот Жоакин Капарос реши од составот да го изостави капитенот Мхитарјан.
„Многу бев изненаден кога од стручниот штаб ме известија дека не сум повикан во националниот состав за следните два меча. Не знам кои се точните причини за ваквата одлука, но на моите соиграчи им посакувам многу среќа“, рече непријатно изненадениот Мхитарјан
Според проценките, вредноста на Мхитарјан на светскиот фудбалски пазар се проценува на 20 милиони евра, додека сите останати играчи вредат 14 милиони евра. Со 30 погодоци тој е најдобар стрелец во историјата на ерменската репрезентација.