Капитенот на евролигашот е гневен: „Човек се бори за живот, а ние играме кошарка“

Жалгирис продолжи со одличните резултати во Евролигата, откако во драматичен дуел со 63:62 го победи Монако. Со оваа победа, тимот од Каунас останува лидер во Евролигата со шест победи и само еден пораз.

Освен за кошаркарската драма, овој меч во Каунас ќе се памти и по драмата која се случуваше на трибините, каде еден навивач се бореше за живот.

Лекарските екипи повеќе од 20 минути реанимираа еден навивач, додека кошаркарите играа на теренот. Според капитенот на Жалгирис, Едгарас Улановас, мечот морало да биде во прекин додека траела неизвесноста на трибините.

„Ги прашав луѓето од тимот што се случува и зошто не е прекинат дуелот. Ми рекоа дека човек на трибините се бори за живот. Не ми е јасно зошто мечот се играше кога целиот фокус на сите беше на нешто што беше многу посериозно од резултатот“, рече капитенот на Жалгирис, Улановас.

По мечот се дозна дека животот на човекот бил спасен и тој бил пренесен во болница каде е во стабилна состојба.

- Оглас -

Најнови вести