Капитенот на европскиот првак ги поздрави кошаркарските шампиони (Фото)

МЗТ Скопје Аеродорм синоќа стигна до седмата титула во клупската историја, откако со чисти 3:0 во победи го растури вечниот ривал Работнички. Во последниот меч, аеродромци беа подобри со 85:78 и тоа беше знак дека може да започне славето во „Јане Сандански“.

Освојувањето на титулата на МЗТ Скопје Аеродром ја честиташе и капитенот на европскиот клупски првак Вардар, Стојанче Стоилов на својот инстаграм профил. Вардаровиот херој моментно се рехабилитира по операцијата на коленото и нема да игра на утрешниот меч против Грција во квалификациите за пласман на ЕП 2020.

 

 

- Оглас -

Најнови вести