Капитенот на европскиот првак Вардар има корона-вирус!?

Стојанче Стоилов, капитенот на ракометниот клуб Вардар, е позитивен на корона-вирус, но информацијата засега не е официјално потврдена од клубот. Стоилов, кој неодамна стана татко, синоќа се пожалил на омалаксаност и болки во телото. Откако здравствената состојба не му се подобрила, бил тестиран на корона-вирусот.

Според најавите, Стоилов нема да игра на дуелот против Нексе во СЕХА-лигата. Неофицијално, капитенот е ставен во самоизолација, а до вечер треба да се знаат резултатите од тестовите и на останатите ракометари во Вардар.

- Оглас -

Најнови вести