Капитенот на Фиорентина по поразот од 5-0 од Црвена ѕвезда: „Сепак разликата е многу голема“

Екипата на Црвена ѕвезда изненадувачки високо ја порази Фиорентина со 5-0 на пријателскиот натпревар кој синоќа се одигра во Белград. Она што зачудува е резултатот кој во 14-тата минута беше 3-0 за „црвено-белите“, а во 27-мата минута веќе беше 5-0.

Капитенот на Фиореинтина, Кристијано Бираги, воопшто не е загрижен за поразот и има алиби.

„Голема е разликата бидејќи Црвена ѕвезда е подготвена за првенството. Одиграа осум пријателски натпревари, а ние сега започнавме. Тренираме само 10 дена, не треба да се прави драма од овој пораз. Секој пораз боли, и оној од 1-0 и оној од 5-0. Повторувам, сè уште сме на почетокот, има уште многу време до почетокот на Серија А“, изјави Бираги.

- Оглас -

Најнови вести