Капитенот на Jунајтед не го заборава својот пријател, со еден збор му честита на Стефан Ристовски на двојната круна (Фото)

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски, заедно со Аријан Адеми ја освоија двојната круна со Динамо Загреб и на најдобар начин ја завршија сезоната.

Ристовски, кој беше еден од најдобрите играчи на Динамо сезонава, на својот профил на „Инстаграм“ објави фотографија со освоените трофеи, а неговата објава ја подели и капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, кој е голем пријател со поранешниот македонски репрезентативец.

„Феномен“, напиша Бруно под објавата на Ристовски.

Бруно Фернандеш и Стефан Ристовски заедно играа во екипата на Спортинг Лисабон и оттогаш се големи пријатели.

 

- Оглас -

Најнови вести