9.8 C
Skopje
четврток, 26 февруари 2026

Капитенот на Јуве и горд и тажен, му доаѓало да заплаче

Јувентус е елиминиран од Галатасарај во плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите по еден од најлудите натпревари во сезоната.

Публиката на стадионот „Алијанц Јувентус“ му даде овации на својот тим за херојскиот настап, во кој тимот долго играше со човек помалку, а успеа да победи 3-0 во регуларниот дел и да се избори за продолженија.

„Искрено, се чувствувам како да ќе заплачам, навистина верувавме дека можеме“, изјави капитенот на Јувентус, Мануел Локатели.

„Го вложивме нашето срце и душа во овој натпревар. Секогаш ги молам играчите да го прават тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите од дното на моето срце. Атмосферата на стадионот беше неверојатна, ова се вечери што остануваат во сеќавање. Ова е Јувентус што сакавме да го видиме и Јувентус што секогаш мора да бидеме. На вистинскиот пат сме и не смееме да ја изгубиме таа верба“, додаде Локатели.

На Локатели му се плачело, а Кефрен Турам беше во солзи на аут-линијата откако Мекени даде гол за 3-0.

Сепак, на крај сите во Црно-белите беа тажни што тука заврши нивниот европски пат сезонава.

Галатасарај даде два гола во продолженијата и сепак оди понатаму со вкупни 7-5. Ова беше првпат по 1970 година некој тим во Лигата на шампионите или во Купот на европски шампиони да биде елиминиран откако се изборил за продолженија со победа од три гола разлика.

- Оглас -

Најнови вести