18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Капитенот на кадетската селекција на Србија ќе игра за Косово

Младиот 19-годишен фудбалер Артон Зекај реши да ја прифати поканата да игра за младинската репрезентација (до 21 година) на Косово, иако досега играше за кадетската селекција на Србија. Зекај има косовско потекло, но роден е на северот на Србија во Суботица, беше и капитен на У-16 селекцијата на нашиот северен сосед, сепак во иднина ќе го носи дресот на најновата екс југословенска држава.

Зекај е член на францускиот Лил, а првите фудбалски чекори ги правеше во Партизан и ОФК Београд.

„Ако би можел да бирам, би играл за Србија, таму сум роден, пораснав, ги поминав сите репрезентативни селекции. Но, ако не ме сакаат, не можам ништо да направам. Им бев на располагање на селекторите, но не ме викаа. Не знам што се случи“, објаснува Зекај.

- Оглас -

Најнови вести