37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Капитенот на Лас Палмас ја прекина кариерата поради сопругата

Капитенот на шпанскиот тим Лас Палмас, Жонатан Виера, одлучи на 34 години да ја стави крај на професионалната кариера бидејќи сака да биде покрај својата сопруга, која има рак на грлото на матката.

Виера не настапи за повратникот во Ла Лига во минатото коло, а не е во комбинација ниту за утрешниот дуел против Алмерија, по што преку социјалните мрежи порача дека во овие моменти фудбалот воопшто не му е во мислите.

„Секогаш вака насмеани. Тоа беше нашето најдобро оружје. Те сакам“, напиша Виера на „Инстаграм“ во објавата на заедничката фотографија со сопругата.

 

- Оглас -

Најнови вести