3.8 C
Skopje
недела, 22 февруари 2026

Капитенот на Манчестер јунајтед му честиташе на Македонецот за постигнатиот гол (Фото)

Македонските интернационалци Стефан Ристовски и Агон Елези се најзаслужни за новата победа на Сараево во првенството на Босна и Херцеговина. Сараево лесно со 3:0 славеше над Посушје, во меч на кој првиот гол го даде Ристовски со глава, а потоа и Елези зголеми на 2:0.

Интересно е дека погодокот кој го постигна Ристовски, го прослави и капитенот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш. Ристовски и Фернандеш беа соиграчи во минатото во тимот на Спортинг, а и потоа останаа добри пријатели.

Токму затоа Фернандеш не ретко знае преку социјалните мрежи да даде поддршка за Ристовски и да го пофали за некој негов постигнат гол, како што беше тоа вчера. Португалската ѕвезда на својот инстаграм профил го стави погодокот на Ристовски и упати пофални зборови за некогашниот соиграч.

- Оглас -

Најнови вести