Милан потпиша со Кајл Вокер од Манчестер сити

Англискиот репрезентативец Кајл Вокер е нов играч на Милан. Досегашниот капитен на Манчестер сити ќе го облече дресот на Росонерите и ќе игра како позајмен играч, со опција италијанскиот клуб да го откупи договорот на искусниот десен бек.

Вокер уште пред неколку недели најави дека сака да си замине од Граѓаните, а сега е јасно кој ќе биде неговиот нов предизвик во кариерата.

Целата досегашна кариера Вокер ја помина во Англија. Започна во 2008 година како играч на Шефилд јунајтед, а потоа играше и за Нортхемптон, Тотенхем, Квинс парк ренџерс, Аснтон вила, а од 2017 година беше во Манчестер сити. Во дресот на англиската репрезнетација е од 2011 година, а досега има одиграно 93 меча, а има постигнато и еден гол.

- Оглас -

Најнови вести