Капитенот на Партизан испрати порака до фановите на Ѕвезда

На 160-тото дерби помеѓу белградските ривали Црвена ѕвезда и Партизан, навивачите на „црвено-белите“ истакнаа транспарент со кој искажаа почит кон капитенот на противниците, Саша Илиќ, и тој потег предизвика големо внимание.

„Делиите“ напишаа дека во секој какол има и жито, па и најлошиот тим има добар капитен. Ветеранот Илиќ им се заблагодари на навивачите на Ѕвезда.

„Тоа е доказ дека сите овие 20-тина години кои ги минав во Партизан, бев коректен кон фановите на Црвена ѕвезда. Ми искажаа голема почит и јас им благодарам за тоа. Мене ова ми е последно дерби како играч, неславно се заврши, со пораз. Тажен сум за поразот, но не сум конфликтна личност која сака да провоцира, секогаш сум се трудел да останам коректен“ – изјави Илиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести