33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Капитенот на Полска згрме кон соиграчите: Не можеме веќе вака!

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Полска, Матеус Понитка, беше многу вознемирен во микс зоната по неочекуваниот пораз од Белгија (70:69). Полска беше голем фаворит, но загуби од аутсајдерот, а сепак остана на второто место во групата и ќе игра во осминафиналето на континеталниот собир, и тоа против Босна и Херцеговина.

„Ќе има дебата за овој меч затоа што не може вака да се игра. Тоа, пред сè, е недостаток на самопочитување. Тука беа дојдени 10.000 навивачи дојдени да ни дадат поддршка, а ние загубивме“, рече капитенот Понитка.

Понитка најави жесток разговор во соблекувалната, и тоа „лице в лице“ со соиграчите. „Што ќе им кажам на соиграчите? Тоа нека остане меѓу нас“, додаде капитенот на Полска.

Полска има четири победи во сите четири досегашни натпревари против Босна и Херцеговина.

- Оглас -

Најнови вести