32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Капитенот на ПСЖ не можеше да верува на срамното однесување на фановите на „Паркот на принцовите“ (ВИДЕО)

Бразил вчера одигра пријателски натпревар на „Паркот на pринцовите“, каде што славеше со убедливи 5:1. Но, овој меч воопшто не наликуваше на пријателски бидејќи во еден момент од трибините беше дофрлена банана кон Бразилците кои се радуваа на постигнат гол, што е знак за расизам.

Но, пред почетокот на средбата, кога се интонираа химните, навивачите коишто беа на стадионот на којшто игра ПСЖ ја исвиркуваа химната на Бразил. Во еден момент камерата ја долови реакцијата на Маркињос, кој е токму капитен на Кариоките.

Тој во неверување гледаше кон трибините и кон срамното однесување на стадионот што тој го вика „свој втор дом“.

- Оглас -

Најнови вести