Натпреварот од финалето на Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд во сабота на „Вембли“ можеби ќе биде последен за капитенот на Кралевите, Начо Фернандес. Договорот на 34-годишниот фудбалер завршува на крајот од оваа сезона, а тој во изјава за шпанските медиуми вели дека знае што ќе прави.
„Одлучив што ќе правам кога ќе заврши сезоната. Но, нема да кажам сега, не е вистинскиот момент. Без разлика дали ќе ја освоиме Лигата на шампионите или Европското првенство, мојата одлука нема да се промени“, рече Начо.
Според одговорот, може да се претпостави дека капитенот на Реал на крајот од оваа сезона ќе оди во пензија, а натпреварите на Европското првенство во Германија ќе бидат последни во неговата кариера.