Капитенот на Реал ќе го пропушти Ел Класико поради бруталниот старт што го направи?

Реал Мадрид е нов лидер во шпанското првенство откако убедливо со 3:0 ја победи Жирона во дербито на осмото коло. Кралскиот клуб требаше рутински да го заврши мечот, но во последните моменти, капитенот Начо Фернандес брутално стартуваше врз еден домашен фудбалер.

Со отворен ѓон и високо крената нога, Начо удри директно во ногата на противникот, кој за среќа не заработи потешка повреда. Судијата најпрво му додели само жолт картон на Начо, а потоа, по реакција од ВАР собата беше потврдено дека тоа е прекршок за исклучување.

Поради бруталноста на стартот и директниот црвен картон, се најавува дека Начо може да добие и посериозна суспензија од дисциплинската комисија во шпанскиот фудбал.

Доколку се случи Начо да биде казнет со три или повеќе натпревари, тоа ќе значи дека тој нема да биде во составот на Реал Мадрид за Ел Класико дуелот против Барселона, кој е закажан за 29 октомври во каталонската престолнина. Тоа ќе биде меч од 11 коло, што значи дека Реал има уште два првенствени дуели да одигра, а потоа следува гостувањето кај вечниот ривал.

Начо по мечот се извини за направениот фаул.

„Сакам да му се извинам на Порту за ненамерниот старт во текот на мечот. Во текот на целата моја кариера, па и сега никогаш не сум имал намера да повредам некого. Се надевам дека ќе биде добро и дека набрзо ќе се врати на теренот“, беше извинувањето на Начо, кој ја чека суспензијата што му се подготвува.

- Оглас -

Најнови вести