Капитенот на Реал прави само машки, и четвртото дете му е син

Капитенот на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Серхио Рамос, по четврти пат стана татко и повторно неговата сопруга Пилар Рубио роди син, како и во претходните три случаи кога стана мајка на деца на фудбалерот.

Бебето кое се роди синоќа ќе се вика Максимо Адријано. Иако посакуваше и една ќерка, 34-годишниот Серхио е среќен што сега има четири сина. Од претходно, Рамос ги има Серхио јуниор, кој се роди во 2014 година, Марко, кој се роди во 2015 и Алехандро, кој се роди во 2018 година. Лани Рамос и Пилар се венчаа, а Максимо Адријано им е прво дете откако официјално се маж и жена.

 

- Оглас -

Најнови вести