Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос, вчера против Леванте почувствувал болки во листот и не можеше до крај да учествува во триумфот од 3-2 на „Сантијаго Бернабеу“. Зинедин Зидан не сакаше да ризикува и го внесе во игра Едер Милитао, а Бразилецот ќе биде стартер против ПСЖ во среда бидејќи Рамос е суспендиран за првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Иако повредата не е сериозна, Рамос ќе има една недела да се врати во компетитивен погон и да биде подготвен за гостувањето на „Рамон Санчес Писхуан“ против Севилја, дуел кој е закажан за 22 септември.