Капитенот на Рома стана прв фудбалер во историјата кој дал гол во ЛШ, ЛЕ и КЛ

Лоренцо Пелегрини, фудбалерот за врска и капитен на Рома, синоќа на натпреварот од Конференциската лига помеѓу Рома и ЦСКА Софија испиша историја и стана првиот играч кој постигнал гол во трите актуелни клупски натпреварувања во Европа.

Пелегрини на Бугарите им даде два гола и сега може да се пофали дека е единствениот кој постигнувал погодоци во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.

Италијанецот во 2016 година ја затресе мрежата на Рапид Виена во ЛЕ, две години подоцна даде прв гол во ЛШ против ЦСКА Москва, а сега даде гол и против софиските Червени во новото натпреварување, Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести