32.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Капитенот на Русија одби повик во репрезентацијата поради војната во Украина

Артем Џуба, капитенот на фудбалската репрезентација на Русија, го одби повикот на селекторот Валери Карпин, а единствена причина за тоа е војната во Украина. Многу украински фудбалери го критикуваа Џуба затоа што речиси еден месец молчеше и не ги осуди нападите врз Украина, но 33-годишниот фудбалер со еден потег покажа кое е неговото мислење околу целата ситуација и дека не ја поддржува војната.

„Секогаш сум против војната. Војната е страшна. Истовремено сум против секоја агресија и омраза, која секој ден е сè поголема“, беше пораката од Џуба.

ФИФА ја исфрли Русија од баражот за пласман на Светското првенство во Катар, но и покрај таа суспензија од УЕФА и ФИФА, селекторот на Зборнаја, Карпин, најави собир на 21 март, а потоа ќе има и пријателски меч против руската селекција до 21 година.

„Ситуацијата во Украина е тешка. Артим има многу роднини таму, па ме замоли да го поштедам од доаѓање на овој собир“, објасни Карпин.

- Оглас -

Најнови вести