Еден од најдобрите бразилски дефанзивци на сите времиња е Кафу. Тоа е играчот кој има две светски титули со Бразил. Беше во составот на Мундијалот во 1994 година, додека во 2002 година ја носеше и капитенската лента и прв го крена шампионскиот трофеј на СП во Јапонија и Јужна Кореја.
Кафу имаше одлична фудбалска кариера и освен во Бразил, повеќе од една деценија помина играјќи и во Серија А во Италија, за екипите на Рома и Милан. Одлично заработи Кафу, но сега, по петгодишна правна битка, неговата менаџерска агенција „Пента интернационал играчи“ замина во стечај. Тешките моменти беа надополнети и со смртта на неговиот син и со разводот со сопругата.
Бразилскиот суд нареди дека имотот на Кафу треба да оди на аукција за да се подмири долгот. На аукцијата која ќе биде на 4 април ќе се продава вилата на Кафу, која се проценува на 7,5 милиони евра. Ако не биде постигната оваа цена, може да се случи вилата на аукцијата да биде продадена и за двојно помалку од пазарната вредност. Долгот на Кафу е два милиони евра.
Gravi problemi economici per Cafu: messa all’asta villa da 7 milioni #cafu #brasile https://t.co/oWWcHO6rKk
— SportMediaset.it (@sportmediaset) March 24, 2024