Капитенот на Шпанија вчера го крена трофејот од ЕП, а денес си договори трансфер во Милан

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Алваро Мората, само по еден ден откако го крена трофејот од Европското првенство во Германија, си договори трансфер. Фабрицио Романо објавува дека екипата на Милан ја активирала откупната клаузула од 13 милиони евра и ќе го купи 31-годишниот фудбалер на Атлетико Мадрид.

Романо не објавува колку ќе изнесува платата на Мората, но „Газета дело спорт“ тврди дека таа ќе биде 5,5 милиони евра годишно плус бонусите за успешност. Лекарските прегледи и потпишувањето на договорот ќе бидат обавени до крајот на оваа седмица.

Вредноста на Алваро Мората според „Трансфермаркет“ изнесува 16 милиони евра. Шпанецот во кариерата освен за Јорганџиите од Мадрид, играше и за Хетафе, Реал Мадрид, Јувентус и Челзи.

[do_widget id=custom_html-5]

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести