Дани Парехо, капитенот на Валенсија, и официјално е нов играч на Вилјареал, а пред него потпис на договорот со популарната Жолта подморница стави уште еден играч на Лилјаците, Францис Кокелан.
💛 @DaniParejo is a Yellow! 💛
Endavant!#WelcomeParejo pic.twitter.com/mfjuPIAQUV
— Villarreal CF English (@VillarrealCFen) August 12, 2020
Сумата што Вилјареал ја плати за двајцата досегашни фудбалери на локалниот ривал Валенсија е околу 13 милиони евра.
Парехо ја почна кариерата во Реал Мадрид и за Кралскиот клуб одигра пет меча, а во Валенсија беше долго, целата последна декада. Беше и капитен на Лилјаците, а стигна и до дресот со национални обележја со четири настапи за шпанската репрезентација.
Кокелан беше член на Валенсија во последните две години.