Капитенот одби да се поздрави пред мечот од Клупско СП, а потоа се правдаше: Бев збунет (Видео)

Ривер плејт со 3:1 славеше над Урава редс, а освен четирите гола кои беа постигнати, ово натпревар го одбележа и еден необичен потег, и тоа од капитенот на јапонскиот тим.

Предводникот на Урава на теренот, Норвежанецот Мариус Хоибратен, едноставно само помина покрај фудбалерите на Ривер плејт без да се поздрави, што е вообичаено пред да започне средбата.

Фудбалерите на Ривер плејт збунето го гледаа капитенот на Урава, а добро е затоа што останатите играчи на јапонскиот тим го испочитуваа противникот и се поздравија.

 

Капитенот на Урава потоа се обиде да се оправда за неспортскиот потег.

„Бев збунет и фокусиран на мечот. Немав лоша намера. Им се извинив на играчите по мечот, а сега ви се извинувам и на сите вам. Му честитам на победата на Ривер и му посакувам сè најдобро во продолжение на турнирот“, рече капитенот Хоибратен.

- Оглас -

Најнови вести