Капитенот Паје е петтиот играч во ОМ заразен со ковид-19

Олимпик Марсеј потврди дека капитенот Димитри Паје е петтиот член во клубот заразен со ковид-19. Претходно вирусот се прошири кај Амави, Ронжие, Лопес и Манданда, па сега постојат сомнежи дека Паје нема да биде последен играч кај кого се појави вирусот.

Марсеј во претстојниот викенд требаше да ги почне обврските во новата сезона од Лига 1, меѓутоа поради корона-вирусот, дуелот против Сент Етјен се одложи.

Раководството се надева дека со поделбата на екипата во текот на тренинзите ќе се минимализира ширењето на вирусот, па и Марсеј ќе биде во можност да го одигра мечот против Брест во второто коло од француското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести