Капитенот Ристовски е повреден, нема да игра против Грузија и Бугарија!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски е повреден и тој нема да биде во составот за двата последни меча од Лигата на нации. Македонија на 23 септември ќе гостува кај Грузија, додека три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Бугарија.

Ристовски има проблеми со петата и поради сериони болки, денеска воопшто не беше во составот на Динамо Загреб на дуелот против Локомотива. Оваа повреда на Ристовски е од претходно, а за да може да настапи на двата меча од Лигата на шампиони против Челзи и против Милан, Ристовски морал да има специјални медицински третмани.

Ристовски е третиот фудбалер кој поради повреда мора да му откаже на селекторот Благоја Милевски за дуелите против Грузија и Бугарија. Од претходно откажаа Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми.

Прозивката на македонската репрезентација за последните два меча во Лигата на нации е утре на пладне во хотелот Хилтон.

- Оглас -

Најнови вести