Капитенот Ромеро барал од Тудор голманот да биде заменет по 16 минути игра (Видео)

Тотенхем одигра историски лош меч на гости во Мадрид против Атлетико и загуби со 5:2 во меч на којшто шпанскиот гигант водеше со 4:0 само по 22 минути игра. Во фокусот на вниманието беше голманот на Тотенхем, Антонин Кински, кој направи две катастрофални грешки во првите 15 минути, период во кој Атлетико веќе водеше со 3:0.

Тогаш, тренерот на Атлетико, Игор Тудор реши голманот Кински да го извади од игра. Овој потег на Тудор предизвика многу реакции, а најголемиот дел го критикуваат хрватскиот стратег дека не смеел да го направи тоа затоа што од психолошки аспект го „изгорел“ голманот.

Сепак, очигледно дека Тудор не е едиснтвениот кој сметал дека голманот треба да биде заменет. Непосредно по примањето на третиот гол, капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, разговара со тренерот и нешто го советува. Веднаш потоа следува и замената на голманот.

По завршување на средбата, Тудор на новинарско прашање дали Ромеро му сугерирал да ја направи измената, не даде конкретен одоговор.

„Секако дека тоа беше моја одлука“, рече Тудор, но не откри дали имал сугестија и од капитенот Ромеро.

Со поразот во Мадрид, Тотенхем постави клупски антирекорд затоа што за првпат во историјата загуби на шест меча по ред во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести