Една од најголемите спортски икони на Македонија, ако не и најголема, Кирил Лазаров денеска го слави 42-риот роденден.
Легендарниот капитен на македонската ракометна репрезентација е симбол за тоа како се сака татковината, а тоа го докажа безброј пати низ својата кариера: уште на самите почетоци додека настапуваше за Веспрем, кога одби унгарско државјанство и голема сума пари за да остане да игра за Македонија, преку неверојатните херојски битки на теренот кога сите го отпишуваа во репрезентативниот дрес.
Лазаров сега е во една поинаква и поодговорна улога во репрезентацијата, а тоа е да ги бодри младите играчи и да ги води низ предизвиците коишто ги очекува, но тоа не е ништо непознато за него бидејќи тоа го прави веќе декада и пол во националниот дрес.
Редакцијата на Спорт Манија ти посакува среќен роденден и уште долги години да продолжиш да ги учиш младите генерации како се сака и како се почитува татковината.