Капитенската лента дадена од Пандев донесе среќа

Стефан Ристовски на својата рака ја имаше капитенската лента која ја доби од неговиот претходник Горан Пандев. Популарниот Рики се сетил на таа капитенска лента која ја доби од Пандев и решил да игра токму со неа.

„Кога ја победивме Грузија во Тбилиси, од Горан Пандев на подарок ја добив капитенската лента што ја носеше тој. Пред мечот со Исланд се присетив на таа лента и решив дека сега е време да ја носам. Сакам да им се заблагодарам на сите оние фудбалери кои беа дел од оваа репрезентација до неодамна, и тие имаат заслуга за овој успех“, откри Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести